дома Популарно Подготвуваме тужба за дискриминација против државата, на 1 септември недостигале над третина...

Подготвуваме тужба за дискриминација против државата, на 1 септември недостигале над третина од потребните учебници

73

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација подготвува тужба за заштита од дискриминација против Министерството за образование и наука поради недостигот на учебници, изјави денеска претседателката на Комисијата, Весна Бендевска.

На денешната средба со граѓани, претставници на граѓанскиот сектор и локалната самоуправа во Струга, Бендевска нагласи дека Комисијата работи на неколку случаи на структурна дискриминација, односно кога е зафатена голема популација, како што е недостигот на учебници и необезбедувањето бесплатен превоз за студентите и средношколците од приватните гимназии и факултети.

Посочувајќи со бројки, истакна дека од вкупно 123 потребни учебници, на 1 септември недостигале 46, што, како што потенцира, е повеќе од една третина од учебниците во разни одделенија на разни наставни јазици.

Токму поради тоа, подвлече, Комисијата утврдила дека кога не постои учебник како основно средство за изведување наставно-образовен процес, нема еднаков пристап до квалитетно образование во споредба со оние што имаат учебници.

„Комисијата донесе одлука и таа се спроведува. Ќе поднесеме тужба пред граѓанскиот суд за заштита од дискриминација од јавен интерес заради недостиг на учебници. Она што го констатиравме во своето работење. Во тој случај, Комисијата ќе биде една странка од спорот и започнува со стратешко застапување на интересите на учениците. Нивни интерес е да добиваат квалитетно образование, а тоа значи учебник по секој наставен предмет, во секое одделение и на секој јазик на кој се одвива наставата. Тужена ќе биде државата, односно МОН. Тужбата ја подготвуваме и ќе ја поднесеме заедно со нашите стратешки партнери, Македонското здружение на млади правници“, изјави Бендевска.

МИА

– Реклама –

ПредходнаПоранешните министри за здравство први на разговор кај Анкетната комисија за скандалот со цитостатици
СледнаВладата го зголеми ДДВ-то, од утре ценовен шок за граѓаните