Денеска (05.10.2020) во 03.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул.„Никола Парапунов“ со ул.„Илинденска“ настанал пожар во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.С.(46) од Скопје.
Од пожарот делумно биле опожарени и патничко возило „мазда“, сопственост на Н.П.(43) од Скопје и патничко возило „мерцедес“, сопственост на З.Р.(62) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, информира МВР.
Екипа на Бригадата за противпожарна заштита го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.