дома Спорт Ферстапен најбрз на единствениот тренинг пред ГН на Австрија

Ферстапен најбрз на единствениот тренинг пред ГН на Австрија

18

  Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, беше најбрз на денешниот прв и единствен тренинг пред трката во Формула 1 за Големата награда на Австрија.

Актуелниот светски првак постигна време од 1:05,685 минути и беше за 0,276 секунди побрз од Оскар Пјастри во Мекларен и 0,370 секунди од возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Четврто време оствари вториот возач на Ферари, Шарл Леклер, а петти беше Луис Хамилтон (Мерцедес).

Стартот на трката за Големата награда на Австрија е закажан за в недела во 15:00 часот.

ПредходнаНовиот вестерн на Кевин Костнер политички коректен кон Домородните Американци
СледнаПросечната каматна стапка на вкупните кредити во мај намалена на месечна основа, а зголемена на годишно ниво