Премиерлигашот Манчестер јунајтед постигна договор со Ден Ешворт за испразнетото место спортски директор во тимот, јави денеска агенцијата ДПА.
Ешфорт доби отказ од Њукасл претходно оваа година, откако се појавија гласини за негова преселба на „Олд Трафорд“.
Според информациите, Ешворт веднаш ќе почне со работа во Манчестер јунајтед, а Њукасл ќе добие финансиска отштета.
Износот на обесштетувањето, засега, не е обелоденет.
Ешворт ќе го комплетира менаџерскиот тим во Јунајтед, откако клубот веќе го доведе Омар Берада од Манчестер Сити за извршен директор, додека Џејсон Вилкокс пристигна од Саутемптон да го преземе раководењето со младинската школа. ег ФОТО: Фејсбук