дома Свет Во руското гранатирање во регионот Херсон оштетена болница

Во руското гранатирање во регионот Херсон оштетена болница

65





Руското гранатирање во областа Херсон предизвика сериозна штета на болница, напиша на Фејсбук Олександр Прокудин, украинскиот регионален гувернер на Херсонската област.

Четвртиот кат од болницата во градот Берислав е „целосно уништен“, а останатите катови се оштетени, додаде Прокудин.

Нападите врз болниците се сметаат за воени злосторства.

Берислав, кој се наоѓа на брегот на реката Днепар, често е под напад од руските сили бидејќи е блиску до линијата на фронтот.

МИА

– Реклама –








ПредходнаСоветниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје свесно се обидуват да предизвикаат хаос во градскиот сообраќај
СледнаСитуацијата на Косово е опасна, ЕУ да преземе мерки против Србија пред да биде доцна