дома Локално Втора фаза од теристичка дезинсекција против комарци во Берово

Втора фаза од теристичка дезинсекција против комарци во Берово

21

– Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести Општина Берово го известува населението дека на ден 08.07.2024 година (понеделник  наспроти вторник) со почеток  од 22.00 до 05:00 часот  екипи од  ДТУ Зотокс  Дооел  – Скопје ќе ја спроведат втората фаза од теристичката дезинсекција од со цел уништување на возрасни комарци. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во ноќните часови, се известува населението да не излегува и да ги затвори своите прозори, информираа од Општината.

Третирањето, додадоа оттаму, ќе се врши со соодветна апаратура поставена на специјално возило.

– За време на третирањето ќе се применува соодветен препарат со активна супстанца. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, додадоа од Општината.

ПредходнаСе вади речен нанос од коритото на Луда Мара во Кавадарци
СледнаЛидерите на НАТО се собираат на тридневен Самит во Вашингтон