дома Култура CINEDAYS од 11 до 17 јули

CINEDAYS од 11 до 17 јули

38

Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 претставува музичко патешествие на групата Ефтеркланг во потрага по македонски музичари, со цел составување на голем ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот „Македониум” во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност, соопшти МКЦ.

Премиерата на филмот, се одржа на 23 март 2024 во рамките на „CPH:DOX” и беше проследена со уникатен концерт на ансамблот „Ефтеркланг: Македониум бенд” во кој членуваат 22 македонски музичари.

Филмот ја заокржува истражувачката потрага на овој дански состав, преку патувачка турнеја низ Македонија. Младински културен центар се јавува во улогата на продуцент преку својата логистичка и организациска поддршка на целиот проект.

Покрај бендот Ефтеркланг, во ансамблот членува и Женскиот младински хор при МКЦ со 16 хористки, потоа музичарите Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Дина Јашари, Ива Дамјановски, Мартина Баракоска и Јане Трајковски.

Реализацијата на филмот е поддржана од страна на Министерството за култура со 250.000 денари, потоа Данскиот уметнички совет и „Culture Moves Europe” програмата на Европска унија.

Годинашниот фестивал CINEDAYS ќе трае до 17 јули

ПредходнаНова книга „Чад и оган“ – збирка раскази од Паскал Гилевски
СледнаЗапрепастеност во светот по нападите врз Украина