дома Живот Изречени казни од над 350.000 евра за неправилности на плажи во Грција

Изречени казни од над 350.000 евра за неправилности на плажи во Грција

40
Изречени казни од над 350.000 евра за неправилности на плажи во Грција

 – За само пет дена надлежните служби од Министерството за национална економија и финансии на Грција разгледале над 1.000 пријави од граѓани поднесени преку специјалната апликација MyCoast и преку специјалниот телефонски број за неправилности на плажите во земјата, а од спроведените контроли досега биле изречени казни од над 350.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за национална економија и финансии на Грција Костис Хаѕидакис рече дека масовните контроли во последните неколку дена „покажуваат дека сликата на плажите е очигледно подобрена од претходните години“, но дека сепак постојат нелегалности кои се откриваат и со придонес на граѓаните.

– Нашата цел е од една страна да ја заштитиме и животната средина и правото на граѓаните на слободен пристап до плажите, а од друга страна да го зачуваме нашиот туристички производ како и здравите бизниси претставени од бизнисите правилно си ја работат работата, рече Хаѕидакис.

Во изминатите пет дена, како што соопштија од Министерството за национална економија и финансии на Грција, биле спроведени контроли на 14 плажи, а најмногу пријави од граѓаните, вкупно 169, имало за 13 бизниси во Парга, каде што било констатирано проширување на плажите вон дозволеното.

Пријави имало и за плажи на Халкидики, во Ситонија и Каликратија, за плажи на островите Крф, Родос, Егина, Калимнос, како и за плажи во близина на Атина.

ПредходнаПотпишан протокол за заедничка контрола на границата меѓу Косово и Албанија
СледнаМицкоски за разговорите со Бугарија: Кој може да ни гарантира дека уставните измени се последно барање