дома Свет Столтенберг одликуван со Претседателски медал на слободата

Столтенберг одликуван со Претседателски медал на слободата

21

 Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Самитот на Алијансата во Вашингтон беше одликуван со највисоката американска цивилна награда – Претседателски медал на слободата.

Медалот му го врачи претседателот на САД, Џо Бајден на церемонијата на отворање на Самитот на НАТО.

– Господине секретар, вие го водевте овој сојуз низ еден од најважните периоди во нејзината историја. Кога почна војната на Русија во Украина, вие не се двоумевте. Денес НАТО е посилен, попаметен и поенергичен отколку кога почнавте. И една милијарда луѓе во Европа и Северна Америка – навистина, ширум светот – ќе ги соберат плодовите на вашиот труд во наредните години во форма на безбедност, можности и поголема слобода, изјави Бајден.

Тој го пофали „мирниот темперамент“ на Столтенберг и го опиша како „чесен човек со интелектуална дисциплина“, како и „одличен дипломат“.

Столтенберг ја води алијансата од 2014 година. Во октомври тој ќе му ја предаде функцијата на поранешниот холандски премиер Марк Руте.

ПредходнаОбилните дождови предизвикуваат поплави и лизгање на земјиштето во Јужна Кореја
СледнаБелата куќа го предупреди Иран да не се меша во американските протести поврзани со Газа