дома Економија Нови цени на горивата во Македонија

Нови цени на горивата во Македонија

56

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43% во однос на одлуката од 5.10.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,319%, кај дизелот за 3,744%, кај екстра лесното масло има намалување за 3,999% и кај мазутот намалувањето е за 2,775%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,074%.

Од 7.10.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,973 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,006 ден/кг и сега ќе изнесува 45,973 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 7.10.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.



ПредходнаНобеловецот Бавенди како студент паднал на првиот испит по хемија
СледнаОбвинителство оформи предмет – негувателка на децата им давала да пушат електронска цигара