дома Свет Песков: Начинот на кој Бајден зборува за Путин е неприфатлив

Песков: Начинот на кој Бајден зборува за Путин е неприфатлив

32

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека целиот свет обрнал внимание на „лапсусите“ на американскиот претседател Џо Бајден на самитот на НАТО и го нарече „неприфатлив“ начинот на кој американскиот претседател зборувал за рускиот претседател Владимир Путин.

„Апсолутно е неприфатливо еден шеф на држава да зборува со непочитување за друг шеф на држава. Ова е нешто на што секогаш обрнуваме внимание и е неприфатливо“, рече Песков.

Тој истакна дека Бајден вчера направил грешка кога го претставил украинскиот претседател Володимир Зеленски како „претседателот Путин“, по што веднаш се поправил.

ПредходнаГаши со молитвата во Собранието ја наруши секуларноста на државата, реагираат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и бараат одговорност
СледнаЛевица: Гаши го прекрши Уставот и ја погази секуларноста, ќе поднесеме интерпелација