дома Спорт Сити пред Реал и Баерн, Шкендија најдобро пласиран македонски клуб

Сити пред Реал и Баерн, Шкендија најдобро пласиран македонски клуб

35
Сити пред Реал и Баерн, Шкендија најдобро пласиран македонски клуб

  Европската фудбалска федерација (УЕФА) го објави денеска најновото рангирање на европските клубови.
Ранкингот вообичаено се одредува според постигнатиот ефект на клубовите во последните пет сезони во еврокуповите, но бидејќи веќе е започната новата сезона 2024/2025 година, коефициентите се одредени според постигнатите резултати во последните четири сезони.
На првото место е Манчестер Сити со коефициент 123.000. Втор е актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, Реал Мадрид (119.000), а на третото место е Баерн (108.000). Во првите десет се и Ливерпул, Рома, ПСЖ, Виљареал, Борусија Дортмунд, Челзи и Интер.
Најдобро позициониран македонски клуб е Шкендија на 179 место, пет позиции погоре од Шкупи.

ПредходнаАлкараз прв финалист на Вимблдон
СледнаПродадени рекордни 8.6 милиони билети за Игрите во Париз