дома Спорт Хамес Родригез е прогласен за најдобар играч на Копа Америка 2024 година

Хамес Родригез е прогласен за најдобар играч на Копа Америка 2024 година

19

Колумбискиот репрезентативен играч за врска Хамес Родригез е прогласен за најдобар фудбалер на Купот на Америка во 2024 година.

Триесет и тригодишниот Родригез на турнирот постигна еден гол и направи шест асистенции на шест натпревари.

Рано утрово Колумбија загуби од Аргентина (0:1) по продолженија во финалето на Копа Америка 2024 година. Родригез влезе на теренот во почетниот состав и беше заменет на стартот од продолженијата.

Од летото 2023 година, Родригез настапува за бразилскиот Сао Паоло. Претходно играше за Олимпијакос, Ал Рајан, Евертон, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Монако, Порто, Банфилд и Енвигадо.

ПредходнаМеси го освои 45. трофеј во кариерата и го подобри сопствениот рекорд
СледнаФиналето на Купот на Америка започна со задоцнување од 1 час и 20 минути поради стампедо надвор од стадионот