дома Спорт Откажана Мото ГП трката за ГН на Казахстан

Откажана Мото ГП трката за ГН на Казахстан

23

„Оперативните и логистичките проблеми кои произлегоа од неодамнешните поплави во регионот го оневозможија организирањето на настанот оваа година“, се вели во соопштението на ФИМ и натпреварувачкиот промотор Дорна.
Трката во Казахстан ќе биде заменета со Големата награда на Емилија Ромања, која ќе се вози од 20 до 22 септември на патеката Мисано.
Оваа промена во календарот значи дека Мисано ќе биде домаќин на две трки оваа година, бидејќи возачите ќе се натпреваруваат на оваа патека неколку недели порано за време на Големата награда на Сан Марино.

ПредходнаКејн ги загуби сите шест финалиња досега во кариерата
СледнаМедиуми: ПСЖ ќе ги обнови преговорите со Осимен