дома Спорт Медиуми: ПСЖ ќе ги обнови преговорите со Осимен

Медиуми: ПСЖ ќе ги обнови преговорите со Осимен

18

Францускиот фудбалски шампион ПСЖ има намера да ги обнови преговорите со Наполи за услугите на нигерискиот напаѓач Виктор Осимен пишува денеска весникот „Л’Екип“.

ПСЖ првично се фокусираше да ја ангажираат грузиската ѕвезда на Наполи, Квича Кварацхелија, но тоа не може да се случи ова лето и парискиот клуб сега се насочи кон неговиот соиграч, чиј договор истекува во 2026 година.
За разлика од Кварацхелија, на Осимен му е дозволено да преговара за трансфер во друг клуб ова лето.
Откупна клаузула за Осимен изнесува 130 милиони евра.
Тимот од Париз е во потрага по замена за Килијан Мбапе, кој утре ќе биде претставен како нов играч на Реал Мадрид.

ПредходнаОткажана Мото ГП трката за ГН на Казахстан
СледнаЕП до 20 години: Трет пораз на македонските кошаркари