дома Општество ЕУ распореди четири хеликоптери и три авиони во земјава како помош за...

ЕУ распореди четири хеликоптери и три авиони во земјава како помош за гаснење на пожарите

23
ЕУ распореди четири хеликоптери и три авиони во земјава како помош за гаснење на пожарите 

  Европската комисија донесе одлука да мобилизира помош за Северна Македонија и Бугарија во справувањето со шумските пожари што ги зафатија двете земји, соопшти денеска портпаролот на ЕК за хуманитарна помош и справување со кризи Балаш Ујвари.

– Со активирање на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, во Северна Македонија се распоредени четири хеликоптери и три противпожарни авион од Хрватска, Словенија, Србија и Турција, информира Ујвари.

Во Бугарија пак, според Ујвари, се испратени два хеликоптера за гаснење пожари од Чешка.

–  Подготвени сме да мобилизираме и дополнителна помош. Како што знаете во пресрет на летото направивме значителни подготовки, ангажирајќи над 500 пожарникари, 29 авиони и четири хеликоптери за гаснење пожари распоредени низ цела Европа, додаде Ујвари.

ПредходнаТрговците бележат загуби од најмалку милијарда долари поради доцнење на испораката на какаото
Следна„Политико“: Членови на ЕП побараа да и се одземе правото на глас на Орбан во ЕУ поради дружбаата со Русија и Кина