дома Без филтер Анкета: Американците стравуваат дека ситуацијата излегува од контрола

Анкета: Американците стравуваат дека ситуацијата излегува од контрола

21
Анкета: Американците стравуваат дека ситуацијата излегува од контрола

  Резултатите од најновата анкета на Ројтерс и Ипсос покажуваат дека Американците стравуваат дека ситуацијата излегува од контрола по неуспешниот атентат врз Доналд Трамп, како и оти расте загриженост дека по изборите на 5 ноември би можеле да има големо политичко насилство.

Анкетата покажува и дека републиканскиот претседателски кандидат Трамп има маргинална предност помеѓу регистрираните гласачи од 43 наспроти 41 отсто пред демократскиот претседател Џо Бајден.

Предноста укажува дека обидот за убиство на Трамп не предизвикал голема промена во расположението на гласачите.

Сепак, 80 отсто од гласачите, вклучително и демократите и републиканците, истакнале дека се согласуваат со изјавата дека „ситуацијата во земјата излегува од контрола“.

Со дводневната анкета биле испитани 1.202 возрасни Американци на национално ниво, вклучително и 992 регистрирани гласачи

ПредходнаЗа шест месеци во Албанија запленет имот вреден 100 милиони евра, стекнат од криминални активности
СледнаМицкоски утре активно ќе се вклучи во настаните на Самитот на Европската политичка заедница