дома Спорт Струга елиминрана од квалификациите за ЛШ

Струга елиминрана од квалификациите за ЛШ

15
   Македонскиот шампион Струга Трим Лум го заврши настапот во квалификациите за Лигата на шампионите.

Откако на првиот меч во главниот град на Словачка стружани беа поразени со 4:2 од Слован Братислава, тие доживеаја и денеска пораз на „Билјанини извори“ во Охрид со 1:2.

Гостите поведоа со голот на Вајс уште во 9. минута од натпреварот, додека Кире Ристевски во 34. минута го удвои водството откако си постигна автогол.

Во вториот дел Струга успеа да постигне само почесен погодок преку Компаоре во 85. минута.

Струга европските квалификации ги продолжува против Пјуник во Конференциската лига и на 24. јули ерменскиот тим ќе гостува во Охрид.

ПредходнаБајден се снајде: Би ја преиспитал одлуката за учество во трката за реизбор во случај на здравствен проблем
СледнаИнфлацијата во ЕУ благо забави во јуни