дома Бизнис Инфлацијата во ЕУ благо забави во јуни

Инфлацијата во ЕУ благо забави во јуни

20

Инфлацијата во Европската унија благо забавила во јуни, по движењето на потрошувачките цени во еврозоната, покажа во средата извештајот на Европската статистичка служба (Eurostat).

На ниво на ЕУ, годишната стапка на инфлација, мерена преку усогласениот индекс на потрошувачките цени (HICP), во јуни изнесува 2,6 отсто, пресметаа статистичарите и е за 0,1 процентен поен пониска во однос на претходниот месец.

Цените во еврозоната во јуни биле за 2,5 отсто повисоки во однос на истиот месец минатата година, потврди Еуростат проценката од крајот на јуни. Во април тие биле за 2,4 отсто повисоки во однос на истиот месец лани.

Така, растот на цените повторно забави и во ЕУ и во еврозоната, откако благо забрза во мај, првпат од крајот на минатата година. На месечна основа, цените во двете области во јуни пораснаа за 0,2 отсто, пресмета Европскиот завод за статистика, со исто темпо како и во мај.

Во јуни цената на услугите најмногу пораснала во еврозоната, за 4,1 отсто во однос на истиот период лани.

Цената на свежата храна порасна за 1,3 отсто, поблагo од претходниот месец. Цените на енергенсите биле речиси непроменети во однос на минатиот јуни, пресметале статистичарите.

Во јуни 2023 година, годишната стапка на инфлација во еврозоната беше 5,5 отсто, а во ЕУ 6,4 отсто.

Највисока годишна стапка на инфлација во јуни забележала Белгија, од 5,4 отсто. По неа следи Романија, која не е членка на еврозоната, со пораст на потрошувачките цени за 5,3 отсто. Следат Шпанија и Унгарија со стапки на инфлација од 3,6 отсто. Блиску е и најновата челнка на еврозоната Хрватска, која во јуни, според пресметките на Eurostat, забележала пораст на потрошувачките цени, мерени со HICPП, за 3,5 отсто во однос на истиот месец лани. Во мај тие се зголемени за 4,3 отсто.

Во групата земји од ЕУ кои не се дел од еврозоната, растот на цените се приближи до нивото од три отсто и во Полска и Бугарија, покажуваат податоците на Eurostat. Данска забележа најниска стапка на инфлација во таа група, од 1,8 отсто. Кога ќе се додадат членките на еврозоната, цените најслабо пораснаа во Финска, за 0,5 отсто.

ПредходнаСтруга елиминрана од квалификациите за ЛШ
СледнаЌосиќ е нов фудбалер на Вардар