дома Бизнис Евростат: Во мај еврозоната забележа суфицит од 13,9 милијарди евра во стоковната...

Евростат: Во мај еврозоната забележа суфицит од 13,9 милијарди евра во стоковната трговија

21
Евростат: Во мај еврозоната забележа суфицит од 13,9 милијарди евра во стоковната трговија

  Еврозоната во мај, според првите прелиминарни проценки, забележа суфицит од 13,9 милијарди евра во стоковната трговија со остатокот од светот, објави денеска Евростат.

Еврозоната претходно забележа нешто поголем суфицит во април во износ од 14,2 милијарди евра, а сегашниот пад е пред се резултат на помалиот суфицит во трговијата со машини, возила и хемикалии.

Вредноста на извозот на стоки од еврозоната во остатокот од светот во мај 2024 година изнесува 241,5 милијарди евра, што претставува намалување од 0,5 отсто на годишно ниво, додека увозот во исто време е намален за 6,4 отсто на годишно ниво до 227,6 милијарди евра.

ПредходнаСБ: Економиите на Западен Балкан треба да ја зајакнат отпорноста на климатските промени
СледнаГрција под висок ризик од пожари