дома Балкан Грција под висок ризик од пожари

Грција под висок ризик од пожари

25

Во регионите на Атика, Пелопонез и Крит, како и во областите на централна Грција, северен Егеј, западна Грција, и Тракија за утре прогласен многу висок ризик од пожари. Опасност што се рангира во ризична категорија од 4. степен.

 

 

Земјата со апел до граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат активности на отворено кои може да предизвикаат пожар од невнимание.

 

 

Изрично се забрануваат активности како палење сува трева и гранки, употреба на машини кои предизвикуваат искри, апарати за заварување, користење скари на отворено, фрлање догорчиња од цигари.

Поради високите температури и топлотниот бран кој веќе две недели надвисна над регионот создадени се сите услови за избувнување на огнени катаклизми.

Македонија со денови се бори со поголем број опасни жаришта, а тимовите кои работат на терен за справување со огнената стихија дејствуваат и од копно и од воздух.

ПредходнаЕвростат: Во мај еврозоната забележа суфицит од 13,9 милијарди евра во стоковната трговија
СледнаЕвропратениците ќе гласаат за реизбор на Фон дер Лајен за претседателка на ЕК