дома Гастронаутика Шприцер

Шприцер

22

Доаѓате до големи пречки да пишувате за некои аспекти на консумација виното кај нас, и да останете доследен на својата средина, но и да ја признаете реалноста.

Дали виното и водата одат заедно? Според строгите правила на винската етикеција – не одат! Во некои средини се смета за непристојност, вински ерес, културолошки испад. Иако според историски сознанија дури и на оние баханални гозби во античкиот Рим, виното се мешало со вода! Но, тогаш велат историчарите техологијата и вкусовите биле поразличнии.

Од друга страна, пак, кај нас шприцерот се има изборено за своја гастрономска посебност. Нема замена за десетка со кромид и шприцер! Кај нас шприцерот е влезен и во жаргонот: ладен како шприцер! Незаменлив опис и замена за она се поприсутно cool .

Шприцерот се нарачува како намештај – два децилитри вино со два децилитри сода или сега веќе мало шишенце минерална газирана вода. Потоа и како попо (пола литар вино со пола сода/кисела вода). А кики пак е варијантата со литар, или кило со кило!

Веќе одамна не постојат сифони со сода. Поновите генерации и не виделе што е тоа, го сметаат за чуден антиквитет.

Не случајно во нашите краеви најзастапена сорта на винова лоза е смедервката која е без конкуренција во подготовката на шприцерот.

Шприцерот и покрај се не е балканска измислица.Потекнува од времето на некогашната Авструнгарска монархија и се проширила на скоро сите околни земји во состав на големата империја. Шприцер се пие од северна Италија до Полска , Романија , Чешка, Словачка, Украина и во земјите од бивша Југославија.

ПредходнаПелоси: Анкетите покажуваат дека Бајден не може да го победи Трамп
СледнаЦУК: Активни се 13 пожари, изминатото деноноќие имаше 24 пожари на отворено