На 06.10.2023 во 23.00 часот во Полициска станица Гази Баба, Х.Р. (39) од с.Отља-Липково пријавил дека околу 17.00 часот додека чувал овци на место викано „Блокови“ во близина на Катланово, скопско дошле неговите поранешни работодавци Б.А., Б.А. и Х.А., информира МВР.
Лицата дошле со патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки и поради тоа што истиот не сакал повеќе да работи кај нив, со закана го внеле во возилото и физички го нападнале, по што го однеле во населбата Ченто, каде без негова согласност го држеле околу еден час.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.