дома Избрано Европски самит во Гранада: Што сѐ е премолчено

Европски самит во Гранада: Што сѐ е премолчено

38

Пропуштени шанси на самитот на Европската политичка заедница: немаше разговори меѓу конфликтните страни Ерменија и Азербејџан или Србија и Косово. На Украина напротив ѝ е ветена поддршка.

Фактичката суштина на ЕПЗ  не се состои во носење формални заклучоци и декларации, туку во еден вид дипломатски „саем“. Тука треба да подискутираат меѓусебно шефови на држави и влади кои инаку не се гледаат често. Затоа во ЕПЗ, не припаѓаат само 27-те членки на ЕУ, туку и десет кандидати за прием во Унијата, како и десет држави кои не сакаат да влезат во ЕУ. Освен Русија и Белорусија, во неа се претставени речиси сите европски држави. Јасниот сигнал на овој формат гласи:  ова е антируска коалиција. 

Загриженост за единството во Европа

Во Гранада меѓутоа се насетуваше загриженост што коалицијата почнува да напукнува. Од Унгарија, Полска и можеби наскоро и од Словачка, се слушаат критички тонови за опсегот на поддршката за Украина. Одделни ЕУ-дипломати, кои сакаат да останат анонимни, сметаат дека расположението може наскоро да се промени не само во источна и централна Европа. И во Шпанија, домаќин на самитот, во населението се слушаат критички тонови, прашања кога и како треба да заврши војната во Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски апелира на единство во ЕвропаФотографија: Fermin Rodriguez/AP/picture alliance/dpa

Големо мнозинство од ЕПЗ  е за единственост и победа на Украина против Русија. Одделни држави ветија повеќе оружје и опрема за претстојната зима. Украинскиот претседател Володимир Зеленски употреби претпазлива формулација: „Најголем предизвик гледаме во зачувувањето на единството во Европа, заради обезбедување на сигурноста и стабилноста во нашиот заеднички европски дом.“ Зеленски зборува речиси како шеф на земја од ЕУ. Од војната исцрпената Украина сака што поскоро да се приклучи на ЕУ. Украинскиот претседател пред патувањето во Гранада изрази увереност дека наскоро ќе можат да започнат пристапни преговори со Брисел.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во интервјуа оваа недела ја посочи 2030 година како временска одредница за прием не само на Украина и Молдавија, туку и за шесте држави од Западен Балкан, кои долги години се заглавени во пристапниот процес кон ЕУ. Шарл Мишел истовремено призна дека  ЕУ во сегашната положба  не би била во состојба да прима нови членки, да не зборуваме воопшто за 40-милионски народ како Украина. Затоа денеска (06.10.2023) на самитот на 27-членки на ЕУ, исто така во Гранада, ќе се дискутираат  нужните реформски процеси  на носење одлуки и буџетските прашања.

Азербејџан ја откажа средбата

Покрај многуте неформални разговори во Гранада, внимание предизвика неодржувањето на две средби. Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, не се појави. Неговите трупи пред две недели ја нападнаа енклавата Нагорно-Карабах, населена со Ерменци и предизвикаа масовно бегство на 120.000 Ерменци.  Во Гранада всушност беше предвидена средба на Алиев со ерменскиот претседател Никол Пашинјан, со посредство на Франција, Германија и ЕУ, заради преземање мировни чекори. Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изрази шокираност од агресијата на Азербејџан и вети поголема поддршка на Ерменија, вклучувајќи и при згрижувањето на бегалците. ЕУ се стреми поблиску да ја врзе за себе Ерманија, која е блиска на Русија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган исто така не се појави на самитот во Гранада. Наводно, бил навреден што ЕУ не сакала да го вклучи во разговорите со Азербејџан и Ерменија околу конфликтот во Нагорно-Карабах. Такво барање имаше Азербејџан, кој има традиционална блискот со Турција.

 Србија и Косово не разговараат меѓусебно

Друг разговор во еден акутен конфликт кој требаше да биде воден во Шпанија е  меѓу Србија и Косово,  двете земји беа претставени од своите претседатели во Гранада. Но, косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека Косово е жртва на српски напади, нема никаков смисол за среќавање со „агресорот“ Александар Вучиќ. Прво треба ЕУ да воведе санкции против Србија. Вучиќ пак лаконски изјави дека кризата ќе биде решена, но сака да преговара само со косовскиот премиер Албин Курти.

Самитите се вредни сами по себе?

Бз оглед на непостоењето опипливи резултати, политикологот Стивен Блокманс од тинк-тенкот Центар за европски политички студии во Брисел, смета дека  форматот на лабаво поврзаната Европска политичка заедница има смисол. „Самиот факт што постојат натамошни средби, што е отворена можноста за разговори и евентуаелни конструктивни предлози, е позитивен. Без вакви средби не би ни постоеле такви можности. Тоа е она што би го рекле приврзаниците на ЕПЗ“, смета Стивен Блокманс. Следниот самит ќе биде одржан во Велика Британија, а точниот датум и место не се утврдени.

DW

ПредходнаСпоред нашето толкување на Преспанскиот договор, на став сме дека не го прекршуваме договорот со Грција, вели Муцунски
СледнаНова сила на Европа или само позирање за фотографија?