дома Економија Раст на вкупните кредити и депозити во јуни

Раст на вкупните кредити и депозити во јуни

37
Раст на вкупните кредити и депозити во јуни

  Вкупните депозити во јуни бележат годишен раст од 7,2 проценти, а вкупните кредити од 6,4 проценти, објави денеска Народната банка.

Според податоците на централната банка, растот кај депозитите  и кај кредитите е резултат на зголемените депозити и кредити кај двата сектора, но со поизразен придонес кај домаќинствата.

На месечна основа, вкупните депозити бележат месечно зголемување од 0,4 проценти, што во целост се должи на повисоките депозити на корпоративниот сектор, а кај вкупните кредити зголемувањето на месечна основа е 0,8 проценти.

ПредходнаМакедонска државјанка загина, а четири лица се повредени во сообраќајка кај Лесковац
СледнаФон дер Лајен: Демократските сили во ЕУ треба да останат заедно во одбрана на демократијата