Инсталирана е поправка за грешка што предизвика глобален прекин на ИТ што ги погоди аеродромите, банките и медиумите ширум светот, изјави денеска извршниот директор на антивирусната фирма CrowdStrike.
„CrowdStrike активно работи со клиенти погодени од дефектот пронајден во едно ажурирање на содржината за хостовите на Windows… Проблемот е идентификуван, изолиран и инсталирана е поправка“, објави извршниот директор Џорџ Курц во пораката на X.
Акциите на групата за кибер безбедност CrowdStrike паднаа за 20 отсто во претпазарното тргување на ВолсСтрит поради глобалниот прекин на ИТ.