дома Спорт Жута потпиша за Шибеник

Жута потпиша за Шибеник

31

 Поранешниот македонски репрезентативец, Леонард Жута потпиша едногодишен договор со Шибеник, со можност за продолжување на уште една.

-Среќен сум што доаѓам во Шибеник каде што досега многу пати сум играл од спротивната страна. Дојде време да го облечам портокаловиот дрес. Знам дека ова е клуб со богата традиција и се радувам на новиот предизвик, изјави Жута.

За Жута ова е враќање во хрватскиот фудбал каде што претходно го носеше дресот на Ријека од 2015 до 2019 година.

Последен негов клуб беше Бромапојкарна, а претходно во кариерата има настапи и за Валеренга, Хакен, Лече и Коњаспор

ПредходнаЈунајтед продолжува со засилувањата – се договори и со играч на ПСЖ
СледнаЛорис: Еуфоријата не е оправдување за расизам