дома Спорт Селекторот на Данска поднесе оставка

Селекторот на Данска поднесе оставка

20

Селекторот на данската фудбалска репрезентација, Каспер Хјулманд (52) поднесе оставка, соопшти Данскиот фудбалски сојуз (ДБУ).

Хјулманд ја предводеше данската репрезентација до полуфиналето на Европското првенство во 2020 година и осминафиналето на неодамнешното ЕУРО во Германија, додека на последното Светско првенство во 2022 година Данците беа елиминирани во групата.

На последните два големи турнири, СП 2020 и ЕП 2024, Данска одигра седум натпревари без победа и со само три постигнати гола.

-На тимот му треба нова енергија. Беше неверојатна чест и привилегија да бидам селектор на репрезентацијата четири години. Дадов се од себе за да постигнам успех и да ги соберам луѓето околу тимот. Да ја претставувам мојата земја е апсолутно најголемата работа што можам да ја замислам, но не се работи за мене, се работи за тоа што е најдобро за тимот, изјави Хјулманд за веб-страницата на ДБУ.

Мортен Вигорст ќе биде привремен национален селектор до 2025 година, соопшти фудбалскиот сојуз.

Пред да пристигне на кормилото на данската страна, Хјулманд ги водеше Нордсјеланд, Мајнц и Лингби.

ПредходнаЛорис: Еуфоријата не е оправдување за расизам
СледнаЕспиња: Горд сум што доаѓам во историски клуб како Вардар