дома Спорт Тен Хaг за кавгата со Санчо: Повлековме линија и продолжуваме понатаму

Тен Хaг за кавгата со Санчо: Повлековме линија и продолжуваме понатаму

14

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, јасно стави до знаење дека ќе се потпре на Џејден Санчо.

Англискиот интернационалец имаше спор со стручњакот во минатата сезона и играше како позајмен во Борусија Дортмунд, каде остави добар впечаток.

-Зборувавме добро со Санчо. Секој може да направи грешка. Повлековме линија и продолжуваме понатаму. На овој клуб му требаат добри играчи и едно е сигурно – Џејден е многу добар играч. Се надевам дека ќе игра и ќе придонесе за нашиот успех – изјави Тен Хаг.

ПредходнаМладите кошаркари поразени од Исланд, следната сезона ќе настапуваат во „Б“ дивизијата
СледнаНадал стигна до своето прво финале по 2 години