дома Магазин Џек Николсон: Роман Полански е „диктатор“

Џек Николсон: Роман Полански е „диктатор“

37

  Американскиот глумец Џек Николсон, меѓу другото, е познат и по својот темперамент, караници на сцената и напнатите случки додека работел со режисери и колеги со слично однесување.

Бунтовничкиот негов дух честопати се канализирал и преку маестралните изведби, што го постави меѓу најноминираните глумци во историјата на „Оскарите“. Но, честопати ги губел нервите и вон кадар, па така, еднаш сакал да ја запали сцената на филмот „Покојните“ (The Departed), па сфатил оти тоа „не е најпаметно“…

За време на снимањето на „Кинескиот кварт“ (Chinatown), Николсон имал караници и со Роман Полански (91)… Не доби „Оскар“ за глума, работел со режисер што го нарекува „диктатор“, а филмот, сепак, стана еден од најдобрите „оскаровски“ остварувања од минатиот век. Освоија само еден „Оскар“ – за оригинално сценарио, но сепак тоа покажува дека бројот на освоени награди не секогаш е мерило за успех, како ни личните односи меѓу професионалците.

– Роман е поинаков вид „диктатор“. Тој сака дискусии и не знае што би правел без нив. Но, тој секогаш победува, така што нема вистинска дебата. Тоа е неговиот проблем, изјави Николсон за „Индепендент“.

Од кажаното и тонот може да се заклучи дека „оскаровецот“ не верува дека Полански секогаш заслужувал да преовлада со аргументите, но „за доброто на филмот, подобро да го оставиме да мисли дека е во право“. Џек Николсон (87) се повлече од глумата пред околу 15 години.

ПредходнаЕК ги ревидираше упатствата за правата на патниците во воздушниот сообраќај
СледнаЕма Робертс се сврши