Американската актерка Ема Робертс се сврши за глумецот Коди Џон, со кого е во врска веќе неколку години. Глумицата ја објави радосната вест на „Инстаграм“, покрај слика со новиот свршеник и сјајниот прстен во преден план.
„Поставувањето на ‘ова овде’ (прстенот, з.п.) пред мајка ми – кажува сѐ“, напиша ѕвездата на „Американска хорор-приказна“ во објавата, додавајќи срце на крајот.
Повеќе познати пријатели во коментар им ја честитаа свршувачката на Робертс и Џон.
Ема Робертс претходно беше во врска со глумецот Герет Хедланд со кого има и син, роден 2020 година.