дома Спорт Јорданеску ја напушти клупата на Романија

Јорданеску ја напушти клупата на Романија

17

 Едвард Јорданеску (46) одлучи денеска да ја напушти селекторската функција на романската фудбалска репрезентација.

Јорданеску имаше договор со Фудбалската федерација на Романија до крајот на овој месец и реши да не го продолжи и покрај солидниот резултат на неодамнешното ЕВРО2024 на кое Романија го освои првото место во групата пред да биде елиминирана во осминафиналето од Холандија.
„Мојата мисија е завршена, објави Јорданеску, додавајќи дека сака повеќе време да му посвети на семејството.
Јорданеску ја водеше Романија од почетокот на 2022 година, и на 28 натпревари оствари ефект од 10 победи, 10 нерешени и осум порази.

ПредходнаЛаутаро Мартинез останува во Интер до 2026
СледнаПСЖ почна преговори со Санчо