дома Uncategorized Вондрушова се повлече од Игрите во Париз

Вондрушова се повлече од Игрите во Париз

Освојувачката на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио, чешката тенисерка Маркета Вондрушова (25) поради повреда на раката се повлече од Игрите во Париз.

„Многу ми е жал, но поради здравствени причини нема да учествувам на Олимписките игри во Париз“, објави Вондрушова попладнево на Инстаграм.

„До последен момент се надевав барем на настап во парови, но проблемите со раката не ми дозволуваат да излезам на теренот“, додаде 25-годишната чешка тенисерка.

Вондрушова дојде до женското финале во Токио во кое загуби од деветтата носителка Белинда Бенчиќ од Швајцарија. Швајцарката, која роди ќерка во април, исто така нема да биде во Париз за да ја брани титулата.

ПредходнаПСЖ почна преговори со Санчо
СледнаПолитико: Нетанјаху побара средба со Трамп за да обезбеди поддршка за војната во Газа