дома Спорт Меси ќе го пропушти Ол-стар натпреварот во МЛС

Меси ќе го пропушти Ол-стар натпреварот во МЛС

16

Најголемата ѕвезда на Интер Мајами, Лионел Меси ќе го пропушти Ол-стар натпреварот во МЛС, пренесува „ESPN“.

Аргентинскиот фудбалер нема да може да учествува во натпреварот поради повреда на скочниот зглоб добиена во финалето на Копа Америка во 2024 година против Колумбија.

Исто така и Луис Суарез од Интер Мајами ќе го пропушти Ол-стар натпреварот во американската фудбалска лига.

Ол-стар натпреварот на МЛС ќе се одржи на 25 јули во Колумбос, Охајо и ќе започне во 2 часот по македонско време.

На натпреварот ќе учествуваат тим од најдобрите фудбалери на МЛС и тим од најдобрите играчи од мексиканската лига МХ.

ПредходнаПотпишување договор за заем од 26,4 милиони евра помеѓу ЕБОР и АД МЕПСО
СледнаЛеброн со 20 поени ги предводеше САД до победа над Германија