дома Македонија Изјавата за пет членки кои се против наше членство во ЕУ нема...

Изјавата за пет членки кои се против наше членство во ЕУ нема врска со реалноста, заблудите на опозицијата скапо ќе нè чинат како држава

58

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја оцени како неодговорна и неточни изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски дека уште пет држави членки на ЕУ биле против тоа земјата да ги продолжи пристапните преговори, чија цел, е вели, собирање евтини политички поени.

„Гледам дека се даваат неодговрни и неточни изјави од страна на опозицијата дека има пет други држави од ЕУ кои имале забелешки за Северна Македонија и кои би нè спречиле да продолжиме со преговорите. Тоа не е точно тоа нема никаква врска со реалноста. Ние имаме секојдневни коимуникации со сите држави членки. Никој тоа не го најавил ниту постои такво нешто. Затоа треба да ги напуштиме неодговорните изјави за собирање на евтини политички поени. Затоа што скапо ќе не чини нас како држава и како граѓани. Граѓаните веќе доволно скапо ги платија заблудите од минатото на опозицијата. Да не дозволиме и сега да ги плаќаат скапо заблудите на опозицијата“, изјави Маричиќ во гостувањето во Тема на денот во Дневникот на Националниот сервис.

Тој потенцира дека доколку не се донесат уставните измени ќе се пропушти шансата во следното проширување во 2030 година, да станеме членка на ЕУ.

„Доколку нема уставни измени до ноември одговорот е едноставен – ние ќе пропуштиме уште една од многуте прилики кои што ги имаме. Ќе почнат преговорите за Украина, за Молдавија , можно е да се донесе одлука Албанија да продолжи понатаму. Ќе останеме во една категорија на држави кои што се далеку од преговори како што се БиХ и Косово. Мислам дека тоа овие и наредните генерации нема да ни го простат. Во 2030 по сите анализи по сите сигнали сигурен сум дека ќе имаме нови членки на Унијата, во некоја форма. Ние се бориме Северна Македонија да биде меѓу тие нови членки. Затоа е борбата што побрзо да ги завршиме овие обврски, за да не го изгубиме темпото“, рече Маричиќ.

Тој смета дека одговорноста за евроинтеграцијата на земјата е на секој пратеник и на секој политичар.

„Инаку ние почнавме со Хрватска, а Хрвтаска е веќе 10 гоидини членка. Затоа сметам и сум оптимист дека можеме да ги завршиме нашите обврски ако сите ја сватиме доволно својата одговорност Затоа што секој пратеник има одговорност, секој политичар има одговорност и мислам дека кога ќе дојде да се соочиме со фактот дека држави од нашиот регион кои што не постоеле како независни држави во 2005 година кога ние сме добиле кандидатскли статус, како Црна Гора на пример, или биле многу далеку од кандидатски статус како Албанија на пример, да се соочиме со фактот дека за неколку години тие ќе бидат членки на ЕУ а ние се уште ќе седиме во чекалната и ќе чекаме подобри времиња и подобри услови да испреговараме нешто што е веќе испреговарано. Затоа мислам дека секој треба да си преземе дел од својата одговорност“, вели вицепремиерот за европски прашања.

Во однос на скрининг процесот, Маричиќ посочи дека земјата влегува во крајниот дел на скринингот, бидејќи од средина на овој месец почнува скринигот на петиот кластер Земјодлество и животна средина, по што останува најмалиот. шестиот кластер за Надворешна и безбедносна политика.

„Морам да кажам дека доста успешно го спроведуваме. Го имаме и првиот извештај за скринингот на првиот, најважниот кластер – Темелни вредности. Врз основа на овој извештај ние ги подготвуваме оние три патокази што се најважни за отварање на првиот кластер и на поглавјата од првиот кластер, а тоа е патоказот за владеење на правото, патоказот за реформи во јавна администрација и патоказот за функционирањее на демокартските институции. Таму се забелешки кои што ние добро ги знаеме – за функционаналност на нашите институции, за подбра имплементација на законите за зајакнување на принципите на владеење на право и борба против корупција“, рече Маричиќ.

МИА

– Реклама –

ПредходнаНАТО е подготвен да го зачува мирот на Косово
СледнаСАД испраќаат напаѓачка група носачи на авиони