На аеродромот во главниот град на Непал, Катманду утрово се урна авион при полетување.
Во авионот имало 19 патници и членови на екипажот.
Спасувачката операција е во тек, додека полицијата и пожарникарите се на местото и се обидуваат да ја стават ситуацијата под контрола.