дома Свет О’Брајан и Шаленберг разговараа за европската интеграција на Западен Балкан

О’Брајан и Шаленберг разговараа за европската интеграција на Западен Балкан

14

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан синоќа во Виена се сретна со министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, со кого разговараше за европската интеграција на земјите од Западен Балкан.

„Се сретнав со австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг во Виена за да ги потврдам нашите силни билатерални односи, соработката за помош на Украина и нашата посветеност на европската интеграција на земјите од Западен Балкан“, напиша О’Брајан на својот профил на мрежата X.

ПредходнаЏо Бајден: Најдобар начин да се обедини земјата е предадaвање на штафетата на новата генерација
СледнаСпоред Хамас, говорот на Нетанјаху покажува дека тој не сака договор за прекин на огнот во Газа