дома Свет Шумски пожар се прошири и врз канадскиот град Јаспер

Шумски пожар се прошири и врз канадскиот град Јаспер

19

Шумски пожар се прошири и во градот Јапер, а тоа е еден од стотината активни пожари во канадските покраините Алберта и Британска Колумбија, а пожарникарите се обидуваат да ги заштитат клучните објекти, како што е станицата за прочистување на отпадни води и нафтоводот „Транс маунтин пајплајн“ (Trans Mountain Pipeline).

Пожарите се вон контрола, а во Британска Колумбија се регистрирани 433 пожари, а 176 во Алберта.

Премиерот на Канада, Џастин Трудо соопшти дека Владата го одобрила барањето на покраината Алберта за сојузна помош/

– Веднаш распоредуваме ресурси на канадските вооружени сили, поддршка за евакуација и повеќе ресурси за итни пожари во покраината и ја координираме помошта за гаснење пожари и воздушен транспорт. Алберта, ние сме со тебе, истакна Трудо.

Градот и националниот парк Јаспер годишно го посетуваат над два милиони туристи годишно. поради ширењето на пожарот на 22 јули од паркот биле евакуирани околу 15.000 посетители.

ПредходнаПетнаесетта година по ред се намалува бројот на население во Јапонија
СледнаСпроведени повеќе од 4.500 контроли на плажите во цела Грција, изречени казни од над 800.000 евра