дома Економија #МКЕкономија „Довербата расте” и инфо-сесија за компаниите корисници по Законот за финансиска...

#МКЕкономија „Довербата расте” и инфо-сесија за компаниите корисници по Законот за финансиска поддршка на инвестиции

56

Владата денеска организира настан #МКЕкономија „Довербата расте” наменет за компаниите корисници по Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

Како што соопштија од владината прес-служба, пред компаниите ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и министерот за економија Крешник Бектеши.

Дополнително, на настанот ќе се одржи и инфо сесија за компаниите со процедурите за користење на поддршката од Законот, а дел од компаниите ќе ги презентираат и резултатите од нивните инвестициски циклуси како и резултатите од поддршката од Владата преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Законот за финансиска поддршка на инвестициите е донесен во 2018 година. Со Владина поддршка за домашните компании од 2018 до 2023 година се поддржани 919 компании со 100 милиони евра.



ПредходнаСветската група „Villagers of Ioannina City“ првпат во Скопје
Следна„Македонијо во срце те носиме“ ја заокружува приказната во Скопје!