дома Свет Израел нападна цели на Хезболах во Либан

Израел нападна цели на Хезболах во Либан

26

Израелски авиони во текот на ноќта извршија напад врз Хезболах, на територијата на Либан, како одговор на претходниот ракетен напад.

Според последните информации, дванаесет лица, меѓу кои и деца, загинаа во ракетниот напад врз фудбалско игралиште во Голанската Висорамнина, на северот на Израел.

– Во текот на ноќта израелските воздухопловни сили нападнаа голем број терористички цели на Хезболах длабоко на територијата на Либан, во јужната област, вклучувајќи складишта за оружје и терористичка инфраструктура. Нападнати беа цели во областите Чабриха, Борџ Ел Чмали и Бекуа, Кфаркела, Раб Ел Талатин, Киам и Таир Харпа, соопшти израелската армија.

Претходно израелските власти за нападот го обвинија либанскиот исламистички Хезболах, кој дејствува со поддршка на Иран. Хезболах ги негираше таквите наводи и соопшти дека „нема никаква врска со тоа“ и категорично ги отфрли таквите обвинувања.

ПредходнаПредизвиците на Фон дер Лајен при составот на нејзината нова Еврокомисија
СледнаУкраински дронови нападнале магацин за нафта во Курската област по што избувнал пожар