Како резултат на напад на украински дронови избувна пожар во складиште за нафта во областа Курск, соопшти вршителот на должноста гувернер на областа Курск, Алексеј Смирнов.
– Никој од жителите или работниците на индустрискиот објект не е повреден, информира Смирнов на Телеграм.
Во гаснењето на пожарот учествувале 82 пожарникари и 32 единици со специјална опрема.
Пожарот во една од цистерните е изгаснат, додаде Смирнов.
Министерството за одбрана на Русија претходно соопшти дека системите за противвоздушна одбрана во текот на ноќта собориле седум украински дронови – два над Курск и пет над регионот Белгород.
Регионите Курск и Белгород се наоѓаат во западна Русија, на границата со Украина.