дома Свет Најмалку 11 загинати во свлечиште во централна Кина

Најмалку 11 загинати во свлечиште во централна Кина

17

Најмалку 11 лица загинаа, а уште шест се повредени во лизгање на земјиште предизвикано од поројни поплави во централната кинеска провинција Хунан, јави државната телевизија ЦЦTB.

Еднокатна станбена зграда во селото Јуелин била однесена од свлечиште предизвикано од обилните дождови, се наведува во извештајот.

Според државната новинска агенција Синхуа, се верува дека едно лице е закопано под калта.

Спасувачките напори се во тек, пренесе ДПА.

Кина постојано е погодена од обилни дождови и поројни поплави, особено во текот на летните месеци.

ПредходнаХерцог и Нетанјаху: Терористите на Хезболах убија деца, ќе платат висока цена
СледнаСуспендиран полски новинар кој песната на Ленон на отворањето на ОИ ја нарече „визија за комунизмот