дома Свет Лавров предупреди на ризиците од американско нуклеарно оружје во Југоисточна Азија

Лавров предупреди на ризиците од американско нуклеарно оружје во Југоисточна Азија

29

Евентуално распоредување на американско нуклеарно оружје во земјите од Југоисточна Азија ќе ги зголеми безбедносните ризици за целиот регион, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

За време на посетата на Малезија, тој рече дека во тој регион веќе се присутни елементи на нуклеарно одвраќање како дел од проектот AUKUS (трилатерален одбранбен сојуз на Австралија, Велика Британија и САД), според кој нуклеарни подморници ќе бидат опремени со технологии кои би требало да бидат под контрола на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), пренесува весникот Известија.

Лавров додаде дека, покрај тоа, САД и Јужна Кореја имаат договор за заедничко нуклеарно одвраќање.

– Во НАТО, Американците долго време го споделуваа своето нуклеарно оружје со партнерите. Тие сето тоа го нарекуваат заеднички нуклеарни мисии, во рамките на кои ненуклеарните држави имаат можност да го обучуваат својот воен персонал и да користат нуклеарно оружје. И ако ова тажно и прилично ризичното искуство се пренесе и во Југоисточна Азија, мислам дека овде на никој нема да му биде подобро од тоа, ќе има повеќе ризици, рече Лавров.

ПредходнаШумскиот пожар во Калифорнија се шири, илјадници пожарникари на терен
СледнаИран го предупредува Израел да не се впушта во „нова авантура“ во Либан