дома Свет Најмалку седум жртви во стампедо на концерт во Конго

Најмалку седум жртви во стампедо на концерт во Конго

30

Најмалку седум лица загинаа, а многу луѓе се повредени во стампедо на концерт во Киншаса, главниот град на Конго, соопштија денеска властите.

Стампедото се случило на стадионот со капацитет од 80.000 гледачи на концертот на популарниот госпел пејач Мајк Каламбаи, соопшти гувернерот на Киншаса, Даниел Бумба.

Се проценува дека на концертот присуствувале околу 30.000 луѓе.

Државната телевизија РТВЦ јави дека во хаосот што настанал загинале седум лица, а дел од повредените се примени на одделението за интензивна нега.

Надлежните не соопштуваат што го предизвикало стампедото, а соопштено е дека истрагата за инцидентот е во тек.

Локалната музичка компанија соопшти дека хаосот настанал кога „безбедносните служби се обиделе да неутрализираат некои хулигани“.

ПредходнаИран го предупредува Израел да не се впушта во „нова авантура“ во Либан
СледнаСеверна Кореја предупреди на целосно уништување на непријателот во случај на војна