Организацискиот комитет на Игрите 2024 беше принуден да се извини за интонирањето на погрешната химна на Јужен Судан.
Ана Декамп, директорка за комуникации на Организацискиот комитет на Олимпијадата во Париз, се извини за грешката на организаторите и мешањето на химната на Јужен Судан пред натпреварот против Порторико.
– Ако е така, се извинуваме, им рече Декамес на новинарите на брифингот.
Натпреварот на Јужен Судан со Порторико во неделата започна со пропуст. Организаторите ја пуштија химната на Судан, од кој Јужен Судан стекна независност во 2011 година.
Навивачите на тимот изразија револт поради грешката. Тие го поддржа националниот тим со долги овации за време на паузата и по интонирањето на правилната химна.
Јужен Судан го победи Порторико (90:79) и ја освои првата победа во својата историја на олимпискиот турнир.