дома Спорт МекКеон хероина во базен: Апсолутната владетелка во грбен стил испиша историјата на...

МекКеон хероина во базен: Апсолутната владетелка во грбен стил испиша историјата на ОИ

25

Францускиот пливач Леон Маршан го израмни рекордот на својот ментор Мајкл Фелпс со четири златни медали во поединечна конкуренција, но апсолутна хероина во базенот на Олимписките игри во Париз е – Кајли МекКеон.

Австралијката (23) е владетелка во грбен стил, единствената во историјата која успеала да ги одбрани олимписките златни медали (од Токио) на 100 и 200 метри на две последователни Олимписки игри. Со овие дисциплини владее и на големите натпреварувања, бидејќи и на Светското првенство во Фукуока освои две злата во споменатите дисциплини. За да ја комплетираме сликата за моќта на 23-годишната пливачка од Мелбурн, ќе додадеме дека таа е светска шампионка на 100 и 200 метри од Бирмингем во 25-метарски базени.

Заедно со ова доаѓаат и светските рекорди, а таа ги постави во сите дисциплини во кои се натпреварува: нејзиното време на 50 метри грбно е 26,86 секунди, на 100 метри е 57,33 секунди и на 200 метри е 2:03.14 минути. Во Париз го спои светскиот и олимпискиот рекорд на 100 метри.

Таа освои три злата и една бронза во Токио, две злата во Париз, а штафетната трка 4х100 мешано ја очекува по што ќе може да го одбрани и тоа злато.

 

ПредходнаТрето полувреме: Тепачка помеѓу Аргентина и Франција на ОИ
СледнаЧептеги ја потврди доминацијата на 10.000 метри и постави нов рекорд