дома Култура Јаниќијевиќ: Живееме во лош филм

Јаниќијевиќ: Живееме во лош филм

33

На добар филм можеш да му најдеш илјада мани, а на лош ни една, оти е лош. Ете во таков филм живееме, за жал, вели режисерот Срѓан Јаниќијевиќ опишувајќи ја реалноста во земјава. Битката на новинари против корупцијата, криминалот и секс- скандалот се инспирацијата за неговиот филм „Касапско оро“.

Политика испреплетена со криминал, корупција и секс-скандали се предизвиците на двајцата новинари во филмот „Касапско Оро“, на кој сега работите. Дали со ова се прикажува на некој начин еден вид перцепција на македонски новинар или пак станува збор за нешто со сосема друго?

Значи е врзана и со тука, и тоа многу, нормално дека е врзана со тука, јас не живеам на друго место, меѓутоа не е ни само за тука врзана работата. Исто така големо прашање, уште пред и додека го работев филмов, од страна, односно не од страна, ни една професија не е извалкана во контекст на тоа како се гледа на нејзе. Мислам дека веќе ни на докторите не се гледаат после корона-кризата, не се гледаат со позитивно. Мислам дека надри лекари ни требаат и така натака. Мене ми беше битно кој ја раскажува вистината и кој што по професија тоа го кажува.

Независно која е перспективата на јавност или на луѓето и кој верува до крај во неа, затоа што верувам дека има многу луѓе кои што веруваат во вистината и во својата потреба да биде раскажана. И покрај тоа што живееме во време на, веќе не знам ни дали е пост-вистина или пост, пост, пост-вистина, али е многу важно да имаме искрен и чесен однос кон тие работи. Колку можеме повеќе и покрај тоа што се размачкува се повеќе и повеќе како масло на платно, низ кое ќе помине дете врз платното кое не е фиксирано.

Така да, да, тоа има голема врска, нормално и со тука, има голема врска со дволичостта на политиката пред се, филмот е за хипокризија пред се, повеќе отколку за било што. Меѓутоа конкретно, да, таму има два новинари кои што се во некоја војна, да речеме.

Како да се остане чиста е главната идеја на овој политички трилер на кој работите. Па да ве прашам вас, како е навистина да се остане чист во оваа земја?

Па веќе прашањето е дали можеш каде било да останеш чист, кај нас е само попроблематично тоа сакам да кажам. Кај нас во старт си многу длабоко во, да не го кажам зборот, еве да кажам во валканиците.

Меѓутоа веќе станува многу сериозно, страшно и е во целата Европа. Ако сакаме да видите како поминуваат изборите ќе стане многу несериозно дури и банално злото, може на многу опасна страна да отиде. Кога се се такви времиња, сите морални и етички принципи и норми што ги имаат луѓето, дури и најчистите паѓаат, бидејќи таа војна е војна за опстанок. Војна кога е и кога има војна за опстанок, тогаш веќе малку помалку се зборува за вистина, како што кажав.

Ако реалноста што ја живееме е македонски филм, во која категорија би ја ставиле, односно во каков филм живееме ние денес, според вас?

Лош. Кратко кажано. Знаеш ли како викаат? На добар филм можеш да му најдеш илјада мани, а на лош ни една. Оти е лош. Ете во таков филм живееме, за жал.

Не звучи тоа многу оптимистично можеби, меѓутоа факт е дека ние пред се немаме доволно луѓе веќе. Мислам, се празни државата и кога немаш луѓе, немаш подела за филмот. Нема кој да глуми веќе во филмот. Зборува како држава, ако направиме некоја паралела. Ако снема глумци, кој сака да гледа филм без глумци.

Тоа е контекстот затоа дека филмот станува се повеќе и повеќе лош, тоа ќе се сведе на филм без глумци. Добри има и такви, меѓутоа тие не се од најинтересни, не се тие на кои што сме научени. Така да за тоа кажам дека е прилично страшно и е лош филмот во тој контекст.

А ако треба да се става и во некоја филмска категорија, како тоа би изгледало?

О, тоа, па не знам, сите жанрови се измешани, не би ги…
Не сум многу под тоа да го ставам во жанр. Кога и да го ставиш во жанр, жанрот секогаш не е само еден, али најверојатно е некоја црна комедија, за жал.

Во однос на буџетот за снимање на еден филм, во делот од медиумите сретнав податок дека работите со буџет од околу 300.000 евра за целиот филм?

Да, нешто помалку од 300.000 евра, не е ни 300.000 евра, и тоа се 300.000 евра буџетирани пред пет години. Се сменија времењата, многу падна вредноста на парите. Така да, не велам дека се малку, но еве снимавме и верувајте, тоа беше до толкав пекол да се сними за тие пари, да секој ден ти доаѓа да се откажеш. Мислам, до толку е голем притисакот. Да кажеш, што ќе ми е па ова. Зашто да го изгубам здравјето, нервите и така натака. Така да, е многу проблематично. Колку сум задоволен? Ви кажав, филм од 250.000 евра во некои држави се смета за филм кој што нема буџет.Тоа е филм без буџет.

Впечаток во јавността е дека продукцијата на македонските филмови и серии каска зад регионалната. Што мислите на што се должи таквиот впечаток во јавноста?

Ние немаме пазар за тоа. Вие кога зборувате за сите околу нас, сите околу нас имаат пазар од 10 милиони. Ние на кого му го продададеме тоа што ние го произведеме? Баш кога сите пазари ги се чуваат околу себе. Филм е малку подруго, зашто сепак државата има некој однос кон нашата традиција, култура, бла, бла, бла, па сега мора да има и филм. И тука инвестира така како што инвестира, прави тоа што го прави, колку има ќар, колку има зијан, меѓутоа на глобално ниво е ќар, сепак те презентира некаде и така натака, ама за серија, мислам дека каскаме, затоа што не можеме ни да мрднеме од друго место.

Мислам, ние немаме никака помош од државата за серија. Тоа мора комерцијално да се решава. А кај нас е полесно да купиш турска серија наместо да продуцираш. И заради тоа нема серии.

А снимање на повеќе филмови? Што недостасува за да имаме поголема филмска продукција?

Луѓе, пред се луѓе. Пари и еве ќе се најдат, иако и политиката е тука пак во прашање. Аде да речеме дека сме во идеални услови, да ги имаме пари колку сакаме. Немаме проблем со пари. Зборам реално, да не биде 500.000, 700.000, милион. Ти во еден момент немаш луѓе за тоа, затоа што многу од луѓето се извлечени од оваа држава во други држави каде што продукциите не каскаат како нашата, некои се отидени таму за подобри пари да работат на подобро место, со подобри услови и така натака, со подобра организација, побитни работи, повлијателни кои не каскаат како нашата, некои се отидени таму за подобри пари да работат на подобро место.

Кога спомнавте недостиг на кадар, „Аудиција сега“ сочинета од невработени актери, режисери, театарџии, веќе извесно време се жалат дека не можат да дојдат до вработување и чекат, малтене, можеби лошо звучи, но како што они велат, чекат или некој да почине или да замине во пензија за да можат да се вработат во некоја од културните институции. Како според вас треба да се реши овој проблем со невработеноста во оваа фела?

Во мојот театр има во последни две години седум луѓе починати, може сега не ја кажувам точната цифра најверојатно, но многу. Не е влезен ни еден човек на тоа место. А има голема има голема потреба, ние имаме проблем, пак немаме вработени луѓе и не се вработуваат. Зошто е така? Не знам.

Во последно време (театарските) сали се сите полни. Четиристотини луѓе по 10 евра карта, израчунајте колку секој ден се тоа пари. Никој не производува толку пари, можеби, најверојатно, како театрите што произведуваат по 300, 350, 500 и 600 денари карта, тоа се сериозни суми на пари. Не викаме дека не, меѓутоа кај цурат тие пари и затоа зборувам дека може да се создаде театар кој што може да произведува „инкам“ и да ги плакаќа истите луѓе и сите да бидат среќни и весели. Меѓутоа, пак се вракаме на почетокот. Кој ги држи театрите, кој ги запостава луѓето во театрите, кој одбира каков ќе биде репертоарот и така натака се развива таа приказна по таа вертикала.

Во тој контекст како вие гледате на независната културна сцена во земјава?

Па таа ќе се убие што побрзо може. Затоа што само тоа е некаде е приказна која што може малку да се мрдне и да се земе здив. И тоа го прават многу малку луѓе кои што имаат навистина огромна енергија, некои и не се веќе меѓу нас, а другите немаат ни енергија, нити можат.

Многу луѓе кои биле феноменални од таа работа, дигнале раце. Само погледнете ја минатата година, кога ќе напишете независна култура, дали ќе изброете повеќе од 15 луѓе истите на 10 различни настани. Цело време со нив не може да произведете ништо поразлично. За жал.

Вие до сега работевте и на театарски претстави, меѓу кои за деца и младенци, и тоа во станбената зграда која што е адаптирана за театар пред 26 години. И во нејзе се одржува и се едуцира на младата публика. Дали овој театар според вас ги исполнува условите за работа и потребите на најмладата публика?

Тој театар е нешто најдобро што може да се случи на оваа држава, мислам реално да зборувам меѓутоа објектот и условите се, како да ви кажам, тоа е ресторан, тоа е војнички ресторан и таму седите и ако сте среќни нема да имате столб пред лице. Зборуваме за столб така, поголем.

Тоа не е локација за театар и на такви работи се фрлат пари тука, а тој театар не мора да ни да му дадете некој нов театар, продајте го, тоа дајте им ново место, сами ќе се го изградат, ќе си го направат ќе си играат претстави.

Ќути да не кажувам ова, може ќе им го земат и тоа место најверојатно. Какви се корумпирани и со желба за „инвестиција“.

Само да кажам, тој театар, исто така, играат најмногу претстави повеќе од било кој театар во Македонија играат претстави. Мислам, по број на представи. Второ, навистина имаат квалитетен репертоар, не зборувам сега, јас може имам една претстава што не се игра во моментов. Може ќе ја вратат, може нема, меѓутоа сум гледал други претстави, туѓи претстави, кои што се многу важни, многу добри кои добиваат награди.

Тие се еден од најдобрите театри, може и најдобриот театар во нашата држава, а тие се сместени во менза. Тоа е објектот, тоа е војнички ресторан сега, како да ви кажам, и е бессмислено.

Тоа кажува каков е односот кон се после тоа.

ПредходнаИстражување: Петина лекови во Африка се со лош квалитет или се фалсификувани
СледнаБела куќа: САД преземаат одбранбени мерки во Либан и Израел