Ако силно вооружената либанска група Хезболах се придружи на одмаздата на Иран, војната што започна со бруталниот напад на Хамас врз Израел, може да прерасне во широк регионален конфликт. Сите дипломатски напори да се спречи таков развој на настаните пропаднаа.
Блискиот исток повторно е на работ на драматична ескалација на конфликтот. Најавена е силна иранска одмазда за убиството на првиот човек на Хамас, Исмаил Ханије, во Техеран, во средата.
Тројца американски и израелски официјални лица рекоа дека очекуваат Иран да го нападне Израел токму денеска.
Ако силно вооружената либанска група Хезболах се придружи на одмаздата на Иран, војната што започна со бруталниот напад на Хамас врз Израел, може да прерасне во широк регионален конфликт.
Вчера САД, Велика Британија, Шведска, Украина, Франција, Канада и Јордан ги повикаа своите граѓани да го напуштат Либан што е можно поскоро. Сè повеќе летови се откажуваат и времето истекува.
Американците потврдија дека ги засилуваат своите трупи на Блискиот исток, како подготовка за ирански напад врз Израел, Пентагон уште во петокот потврди дека испратил уште воени бродови и борбени авиони во регионот. Меѓу нив е и носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ и со него поврзаната ударна група воени бродови и подморници.