дома Бизнис Пад на извозот и минимален раст на увозот во првото полугодие

Пад на извозот и минимален раст на увозот во првото полугодие

34
Пад на извозот и минимален раст на увозот во првото полугодие

  Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-
јуни 2024 година, изнесува 3 930.0 милиони евра и бележи пад од 7.6 % во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 5 544.0 милиони евра, што е за 0.1 % повеќе
во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит изнесува 1 614.0 милиони евра, соопшти Државниот завод за статистика.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јуни 2024, изнесува 70.9 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или
бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-јуни 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна
Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

ПредходнаУапсено лице за фалсификување монети во акција на македонската и косовската полиција
СледнаЦвета планинскиот туризам во Хрватска, каде туристите бегаат од летните горештини