дома Магазин „Куќа на змејот“ ќе има четири сезони

„Куќа на змејот“ ќе има четири сезони

15
„Куќа на змејот“ ќе има четири сезони

  На прес-конференција, на којашто се разговараше за крајот на втората сезона на „Куќа на змејот“, авторот Рајан Кондал откри дека претпродолжението на „Игра на престоли“ ќе се прикажува уште две години – сѐ на сѐ четири сезони.

Кондал, имено, потврди дека се пишува третата сезона, а предвидено е продукцијата да почне на почетокот на 2025 година, пренесе „Варајети“ (Variety). Прашан дали и третата сезона ќе има осум епизоди, колку и втората сезона, Кондал рече:

– Не сум разговарал со „Ејч-би-о“ (HBO) за тоа. Само би очекувал дека ритамот на серијата, од гледна точка на драматично раскажување, ќе остане ист како во втората сезона.

„Ејч-би-о“, инаку, работи на уште едно претпродолжение на оригиналната приказна „Игра на престоли“, под наслов „Витез на седумте кралства“. Приказната се случува 100 години пред настаните во хит-серијата од минатото десетлетие.

ПредходнаФудбалерите на Шпанија го повторија рекордот на Бразил по олимписки финалиња
СледнаЗошто е важно детето да има слобода на избор околу својата облека?